Search

Демонстрантите најавија нова блокада на аеродромот во Хонг Конг

Ситуацијата е смирена по синоќешниот краткотраен судир помеѓу полицијата и антивладините демонстранти на аеродромот во Хонг Конг.

Најголемиот број на демонстранти замина од аеродромот, но тие за денеска најавија повторни протести. Тоа беше втор ден од блокадата на еден од најфреквентните аеродроми во светот.

Поранешната британска колонија Хонг Конг со месеци е зафатена со протести, првично насочени против предлог-законот за екстрадиција и гонење во Кина, за да прерасне во барања за поголема демократија. Од почетокот на протестите во јуни, полицијата уапси повеќе од 600 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави