Search

Демократски сојуз: Да се откријат загадувачите на Скопје

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните државни институции да направат вонредни контроли над индустриските капацитети (УСЈЕ и др.), како и над Депонијата ДРИСЛА, се со цел да се откријат загадувачите на воздухот.
Според податоците од мерните станици, најзагадено е во Драчево, Кисела Вода, Црниче, Сопиште итн., каде досега немало такво загадување.
Воедно инсистираме овие контроли да бидат зајакнати и континуирани во текот на викендите и празничните денови.
Треба јавноста да биде информирана за степенот на загадувањето и да се даваат насоки за заштита на сите граѓани, посебно на децата, постарите лица и ранливите категории (хронично болни и сл.).
Треба да знаете
Последни објави