Search

Демократите со резолуција ќе стават крај на националната вонредна состојба на американско-мексиканската граница

Демократите во Претставничкиот дом на САД планираат наскоро да воведат резолуција за прекинување на националната вонредна состојба што ја прогласи американскиот претседател Доналд Трамп на јужната граница, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Медиумите велат дека резолуцијата ќе биде претставена во законодавниот дом најрано во петк

Минатата недела Трамп потпиша декларација за национална вонредна состојба за да обезбеди финансирање на безбедносните мерки и физичката бариера на американско-мексиканската граница за спречување на нелегалната имиграција.

Американскиот претседател призна дека веројатно ќе биде тужен за прогласувањето национална вонредна состојба, додавајќи дека ќе биде успешен во Врховниот суд на САД.

Несогласувањата на Трамп со демократите за прашањето на граничниот ѕид претходно резултираше со рекордна 35-дневна делумна блокада на владата што заврши пред неколку недели

Треба да знаете
Последни објави