Search

Демократите го обвинија Трамп дека е несфатливо попустлив кон Русија

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот, Џак Џамер денеска изјавија дека претседателот Доналд Трамп е несфатливо попустлив кон Русија по објавувањето на извештајот на американските разузнавачки служби, во кој се наведува дека Кремљ им плаќа на талибанците за убивање на војниците на САД во Авганистан.

Пелоси и Џамер истакнаа дека секоја закана по американските вооружени сили мора бескомпромисно да се истражи, а Трамп го обвинија за минимализирање на заканата и оти е „мек” кон рускиот претседател Владимир Путин и оти посветува внимание на помалку значајни прашања.

Трамп извештајот на американските разузнавачки служби го нарече „измама” и не сака да се изјасни зошто САД не реагирале официјално.

– На нашите вооружени сили би им било подобро ако претседателоит Трамп повеќе време би посветил на читање на дневните извештаи, а помалку би се занимавал со планирање на воени паради или одбрана на конфедералното расистичко наследство, се наведува во заедничкото соопштение на Пелоси и Џамер.

Треба да знаете
Последни објави