Search

Деми Ловато се враќа на телевизија со главна улога во нова комедија на Ен-би-си

Деми Ловато се враќа на малите екрани на голема врата, со главна улога во нов проект на Ен-би-си, комедија под наслов Hungry.

Доколку проектот се претвори во серија, тоа ќе биде прва редовна улога на 28-годишната пејачка и актерка откако го играше насловниот лик во Sonny with a Chance, која се прикажуваше од 2009 до 2011 година.

Според порталот „Холивуд репортер“, проектот сè уште нема добиено нарачка за серија.

Треба да знаете
Последни објави