Search

Дел од уредниците си заминуваат од 1ТВ

Ацо Кабранов ја напушти челната позиција како главен и одговорен уредник на 1ТВ, која е во сопственост на Бојан Јованоски или Боки 13, уапсен поради рекет.

Тој за „А1 ОН“ изјави дека ја напушта телевизијата поради здравствени причини, а не поради скандалот со рекетирањето.

-Сакав да направиме проект и сметам дека бевме успешни. Договорот со 1ТВ го потпишував секој месец, но следниот нема да го потпишам. Не поради целата работа што се случи, туку од здравствени причини. Јовановски не се мешаше во уредувачката политика, известуваме според професионални стандарди. Не сум човек кој заради својата комоција ќе се води по интересите на газдите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту пак овде, да злоупотребувам колеги за нечии интереси, вели Кабранов.

Претходно денеска и Јадранка Костова потврди дека ја напушта телевизијата на Јованоски, со тоа што како што рече таа и и истече авторскиот договор, преку кој беше ангажирана.

И на Борјан Јовановски ангажманот му завршил пред половина месец. Сè уште не знае дали ќе го обнови договорот од септември, како што било договорено.

Гордана Дувњак останува уредник на информативната програма, а во изјава за „Фактор“ вели дека останува затоа што има заснован работен однос на неопредлено време.

 

Треба да знаете
Последни објави