Search

Дел од пратениците ќе донираат за децата од „Медена земја“ и за куќата на Атиџе

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, соопшти дека ќе се приклучат кон акцијата за донирање за децата од „Медена земја“.

„Со голем интерес го проследивме повикот за донирање на децата од „Медена земја“ и потребата за средување на кровот во куќата за Атиџе, во Дорфулија. Веднаш одлучивме да се приклучиме кон донаторите и ги повикуваме колегите да го следат нашиот пример. Воедно, бидејќи Владата во вторник има седница истото го очекуваме и од министрите и замениците министри. Апел за донирање праќаме и до компаниите и до сите кои имаат можност за тоа“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави