Search

Дел од Венецуела четврти ден е без струја

Во дел од Венецуела веќе четврти ден нема електрична енергија, а во многу области, вклучувајќи го и Каракас, струја има само од време на време.

Во шест од 23 венецуелски држави се уште нема струја, јавуваат светските агенции.

Населението нема вода за пиење, а во болниците снемува лекови.

Во Венецуела вчера беа одржани два собири, опозициски и на приврзаниците на претседателот Николас Мадуро.

Во Каракас се судрија опозициските активисти и припадниците на полицијата и армијата, непосредно пред почетокот на собирот против Мадуро.

Треба да знаете
Последни објави