Search

Дел до училиштата во Делчево бараат онлајн, дел настава со физичко присуство

Делчевските советници ги донесоа одлуките со кои од Владата се бара дозвола училиштата во Делчево да организираат онлајн и настава со физичко присуство. Согласно одлуката, како што е истакнато во образложението, дел од училиштата бараат настава со физичко присуство, а дел онлајн настава.
-Одлуката се однесува за организирање настава со физичко присуство за учебната 2020/21 година за учениците од Средното општинско училиште „М.М.Брицо”, Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски” заедно со подрачните училишта и настава со физичко присуство за учениците од 1 до 5 одделение од подрачните училишта на Општинското основно училиште „Ванчо Прке”. Одлуките од Советот ќе бидат доставени до Комисијата формирана од Владата за разгледување барања за организирање настава со физичко присуство, е истакнато во образложението од Советот.
На 44. седница на Советот, детската градинка „Весели Цветови” доби согласност за работно време со времетраење од 5 до 18 часот и согласност за формирање групи со помал број деца од бројот предвиден во Законот за заштита на децата.
Четириесет и четвртата седница започна со оддавање едноминутна почит за починатите од Ковид-19 во Делчево.
Треба да знаете
Последни објави