Search

Дело: Партијата на Марјан Шарец со поголем рејтин од СДС на Јанез Јанша

Партијата ЛМШ на премиерот на Словенија Мајан Шарец ужива најголема доверба кај гласачите. Ова го покажува последното истражување на јавното мислење кое го направи “Дело”, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според овие податоци “Листата на Маријан Шарец” има поддршка од 14 отсто од испитаниците, а 13,3 проценти, пак, кажале дека ја поддржуваат партијата СДС на опозиционерот Јанез Јанша.

Според словенечките медиуми, сепак, изненадување во  истражувањето е дека високи 35 отсто од испитаниците не даваат поддршка на ниту една партија.

Работата на владата доби средна оценка 2,79, додека државното собрание 2,59.

Треба да знаете
Последни објави