Search

Делови од Чаир и село Кучково утре без струја

Дел од корисниците од село Кучково утре од 9:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 12:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Благоја Паровиќ”, „Џон Кенеди” и „Лазар Трповски” во општина Чаир.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Треба да знаете
Последни објави