Search

Делови од Центар денес без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на општина Центар.

 

Па, така, во периодот од 8 до 10 часот, без струја ќе бидат корисниците дел од улицата Ганчо Хаџипанзов и дел од улицата Капиштец.

Во периодот од 8 до 15.30 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Дебарца бр. 46, Буњаковец, а од 10 до 12 часот корисниците од улицата Капиштец.

Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Андон Дуков, дел од улицата 505 и дел од улицата 507 наспроти Центарот за странски јазици, улицата Орце Николов од 150 до 160 (парни броеви) наспроти Центарот за странски јазици дел од улицата Драган Ѓаконовски – Шпато“, кафеаната ,,Пошта“.

Треба да знаете
Последни објави