Search

Делови од улицата Благоја Стефковски во Маџари ќе бидат затворени до понеделник

Град Скопје известува дека поради градежни активности за реконструкција на улица Благоја Стефковски  од денеска до 21 часот во понеделник на 02 номври, на оваа улица ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

„За да може да се реализира проектот во најкраток можен рок, а и да се искористат престојните денови од викендот, затворена за сообраќај ќе биде улицата Благоја Стефковски на потегот веднаш по железничката рампа и пруга Скопје – Белград (гледано од правец Трубарево – Центар на Скопје), со што ќе се остави можност за премин од Трубарево кон Хотел Белви каде ќе се насочи целиот сообраќај по автопатот кон бул. Александар Македонски во Автокоманда. По истата рута ќе се движат и сите градски автобуси коишто сообраќаат кон Катланово и обратно“, соопшти Град Скопје.

Во другата насока улица Благоја Стефковски ќе се затвори кај крстосницата со ул. Дончо Штипјанчето во непосредна близина на црквата св. Спас во Маџари.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, како и да ја искористат околната улична мрежа за да стигнат до посакуваните дестинации“, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави