Search

Делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без електрична енергија ќе останат дел од општините во Скопје.

Во периодот од 12:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Будимпештанска во општина Карпош. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот, пак, без струја ќе останат и корисниците на дел од улица Макајовски, односно број 36 и број 39, и улица Црвена Вода број 36 во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот електирчна енергија ќе немаат корисниците на дел од улицата Ѓуро Салај, дел од улицата Алекса Демниевски подулица 19 и дел од улица Даутица во општина Ѓорче Петров.

Прекин во електричната енергија во периодот од 8:30 до 12:30 часот ќе имаат и корисниците од улица Илија Димовски-Гоче, улица Кресна (АВРОРА), односно непарните броеви од 9-а до 19-а во општина Аеродром.

Треба да знаете
Последни објави