Search

Делови од Гостивар од вчера се без струја

Како последица од вчерашното силно невреме, жителите на градското подрачје во Гостивар навечер се соочија со краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Од Електродиструбуција информираат дека прекини во снабдувањето настанале поради испад на среднонапонски вод.
– Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа овој среднонапонски дефект, но во меѓувреме се појавија и дефекти на нисконапонска мрежа, наведуваат од ЕВН Македонија.
Жителите на населбите Фазанерија и Циглана реагираат дека се без струја дваесет часа и бараат побрзо решавање на проблемот.
Засега не може да се прецизира кога ќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Од Електродиструбуција нагласуваат дека поголемиот дел од дефектите на нисконапонска мрежа се отстранети, а во текот на денот ќе се заврши со санација и на преостанатите.
Треба да знаете
Последни објави