Search

Деловен појадок на ОРМ во Струга

Растечкиот дефицит на работна сила особено во угостителството и туризмот, реформите во стручното образование, примената на ваучер системот и неговото значење, како и зајакнувањето на дијалогот меѓу факултетите и стопанството, ќе бидат главни теми на денешниот Деловен појадок на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) што ќе се одржи во Струга.

Со ова, како што информира ОРМ, почнува новиот серијал на вакви средби, чија цел е размена на мислења и идеи меѓу работодавачите, од кои ќе произлезат предлози за измени на регулативата во областите кои се од интерес на членките на Организацијата и воопшто на домашниот бизнис сектор.

Треба да знаете
Последни објави