Search

Делегација предводена од Заев ќе ги презентира реформите во Брисел

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава токму тој, при што ќе ги презентира достигнувањата на земјава во процесот на реформите, што се спроведуваат на патот кон отпочнување преговори со Европската унија.
Петнаесеттиот  Совет за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, со кој ќе копретседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, се смета за прв прелиминарен тест на динамиката на реформската агенда, која е концетрирана во трите столбови – безбедностно -разузнавачкиот систем, јавната администрација и правосудството.
Во состав на владината делегација се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Според програмата во Европската комисија е превидена заедничка прес-конфереција на Заев, високата претставничка Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Високи дипломатски извори во Брисел, како што претходно јави МИА, изјавија дека отворањето преговори со Северна Македонија во јуни ќе биде приоритет на романското претседателство, но неизвесноста ќе трае сѐ додека не се објави извештајот на ЕК.
Останува дека е неизвесна агендата на јунскиот совет. Со оглед на претстојните избори за Европскиот парламент, што ќе се одржат на крајот на мај и на чувствителноста на европската јавност околу проширувањето, ЕК одлучи да ги одложи извештаите за земјите од Западниот Балкан за првата седмица по изборите, најверојатно на 29 мај.
Советот за општи работи, пак, е предвиден за 18 јуни, што не остава многу време за земјите членки да ги разгледаат наодите на ЕК и да донесат одлука.
За време на престојот во Брисел, Заев во седиштето на НАТО ќе се сретне со генералниот секретар Јенс Столтенберг, а предвидена е и заедничка прес-конфереција.
Треба да знаете
Последни објави