Search

Делегација на Уставниот суд на Регионлна конференција во Приштина

Делегација на Уставниот суд претставувана од судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари учествува на одбележувањето на 14-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово.  

По тој повод во Приштина се одржа Регионална конференција со фокус на придонесот на уставните судови за заштита и зајакнување на основните вредности на демократијата, владеењето на правото и основните човекови права и слободи, соопшти Уставниот суд.

Судијата Кадриу имаше обраќање на конференцијата на тема „Владеење на правото и демократијата”.

– Со владеењето на правото, демократијата во земјата и човековите права се утврдуваат и условите на меѓусебното влијание за нивното остварување. За заштита и остварување на човековите слободи и права важен услов, кој е неизбежен и нужен е да се обезбеди владеењето на правото. Уставното судство на секоја земја, како што е случај и со уставното судство во Република Северна Македонија, има посебна надлежност во заштитата на човековите слободи и права, при што од гледната точка на владеењето на правото, Уставниот суд има посебна надлежност да ги цени сите закони и другите правни прописи коишто се подобни за уставна контрола од аспект на нивната усогласеност со владеењето на правото, кажа судијата Кадриу. 

Настанот се одржува во Приштина во периодот од 23 до 25 октомври 2023 година со присуство на претставници на уставните судови на Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Врховниот суд на Естонија, Уставниот совет на Франција, Врховен суд на Холандија итн.  На свеченоста на 14. судска година учествува и претставници на Венецијанската комисија и на Европскиот суд за човекови права.

Треба да знаете
Последни објави