Search

Делегација на Град Скопје положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ

По повод 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија, делегација на Град Скопје, предводена од градоначалничката Данела Арсовска, денеска положи цвеќе на гробот на споменикот на паднатите борци од НОБ во алејата на великаните на градските гробишта во Бутел.

Градот Скопје во име на своите граѓани ја изразува својата благодарност за посветеноста на војниците припадници на македонската Армија во зачувувањето на мирот и безбедноста во нашата земја и споменот на македонските партизани.

Треба да знаете
Последни објави