Search

Делегацијата од Приштина чека повик од Вашингтон

Косовската делегација за преговори со Белград која ја предводат Фатмир Љимај и Шпенд Ахмети, ќе отпатува во Вашингтон, поради разговори за конечен договор со Србија, пишува „Зери“, повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот наведе дека датумот за посетата наскоро ќе биде соопштен и дека делегацијата ќе разговара со истакнати американски функционери.

Потпретседателот на косовската влада, Енвер Хоџај, кој е член на делегацијата, изјави дека состанок не побарала Приштина, а конечниот договор со Србија не може да биде остварен без поддршка на САД.

„Не можам да кажам кога делегацијата ќе биде повикана во Вашингтон. Рано е да се говори за тоа“, изјави Хоџај.

Треба да знаете
Последни објави