Search

Делегацијата на германското стопанство ќе ги поврзува компаниите од регионот со германски компании

Делегацијата на германското стопанство во земјава во текот на октомври организира два настана преку кои ќе ги поврзува македонските компании со компании од странство

Како што најавувааат од 20 до 22 октомври заедно со Здружението на метална и електро индустрија – МАМЕИ, ќе се одржи дигитална конференција и саем „Macраedonian Manufacturing Expo”.

Целта е на германските компании да им понудат можност да најдат нови добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово.

Оваа година очекуваат 30-тина германски компании да учествуваат на Macedonian Manufacturing Expo.

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Германско-бугарската стопанска на 29 октомври организира заедничко истражувачко патување на тема рударство во Северна Македонија и Бугарија.

На дигиталната конференција експерти од рударската индустрија ќе ги презентираат можностите и потенцијалот на овој сектор во двете земји како и шансите кои се нудат за германските компании на овие пазари во областа на рударството, машинскиот инженеринг и преработката на суровини.

Треба да знаете
Последни објави