Search

Делегации на СДСМ ќе го одбележат 2 Август – Денот на Републиката

Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска, (02.08.2020) ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.
Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од Сања Лукаревска, членка на Централниот одбор на СДСМ и Мартин Костовски од ОО СДСМ – Куманово.
Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ предводена од организациониот секретар на СДСМ Душко Весковски, придружуван од Оливера Чавкар, членка на ЦО на СДСМ и Трајче Калевски ќе положат свежо цвеќе во 10.30 часот пред гробот на Никола Карев и пред споменикот на Слива „На хероите на Слива” и во 11.45 часот пред споменикот на Мечкин Камен.
Во Скопје, делегација на СДСМ во состав од поптртседателот Коста Петров и Марија Георгеивска, претседателка на ОО СДСМ Карпош во 9.15 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, а во 9.35 пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.
Во Смилево, делегација на СДСМ предводена од членот на Извршниот одбор на СДСМ Васко Талевски, во 09.00 часот, ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.

 

Треба да знаете
Последни објави