Search

Декарбонизацијата на моторите во автомобилите ќе ни го подобри воздухот

Со наближувањето на зимските денови на дневен ред се враќа загаденоста во Скопје и повеќето градови од државава. Така беше во првиот бран на почетокот од месецот кога енормно загаден воздух беше измерен дури во четири градови од Македонија на чело со престолнината Скопје, во Битола, Куманово и Тетово. Тие се најдоа меѓу најзагадените десет градови во светот.

Прозивките и обвинувањата не запираат. Кој е виновен за замаглувањето на голема слика е со ист вокабулар, но заменети улоги на одговорните кои треба да се грижат за животната средина. А воздухот, ако не дувне ветрер или заврне дожд како деновиве, останува енормно загаден. Дебатите  и мерките на хартија не го прочистуваат. Треба акција и тоа одлучна. Не селективна.

 

ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛУВА УВОЗ НА АВТОМОБИЛИ СО ИСКЛУЛУЧЕНИ ИЛИ ИЗВАДЕНИ ДПФ ФИЛТИРИ

Како еден од поголемите загадувачи, од експертите е посочен сообраќајот, посебно во Скопје, каде од 517.023 регистирани возила во земјава дури 80 одсто гравитираат во главниот град. Меѓу овие возила се врти бројка од околу 250.000 увезени половни возила, со што можноста за поголема емисија на штетни гасови е пореална. Според податоците од МВР, 294.735 возила се со дизел мотор, 218.554 со бензински и 12.111 со плин или други деривати како погонско гориво.

Автомобилите со дизел моторите се застапени со близу 60 одсто. Но, проблемот е во тоа што ДПФ филтрите сопствениците ги одстрануваат или софтверски ги исклучуваат од употреба, за полесно да им „оди“ автомобилот!? Со тој чин емисијата на штетните гасови е 100 одсто поголема. Затоа треба ригорозна контрола и казни. Во европските земји тоа е казнено дело. Кај нас поминува и самите си правиле лоша услуга, се труеме. Можеби најдобро би било уште при увозот на половните автомобили да се стави рампа на граница за ваквите возила. Ако нема или е исклучен овој филтер да не им биде дозволено влегување на автомобилите и ставање во употреба во земјава – вели Игор Јосифовски кој  раководи со сервисот за „хидроген технологија“.

Тој им помага на сопствениците чии автомобили токму поради запушувањето со гареж на филтирите и моторите и неможат да функционираат како што треба, па  бараат спас во прочистуваањето.

Според податоците од МВР, во 2017 година се увезени или за првпат се регистирани во земјава 39.600 возила, во 2018 година таа бројка е 42.507 и во првите девет месеци од годинава бележи пораст.

ЧИСТЕЊЕТО НА МОТОРИТЕ ДА НИ СТАНЕ НАВИКА

Технологијата за прочистување на ДПФ филтирите и декарбонизација на моторите е по потекло од Србија, а истата со франшиза која се применува во Македонија ја користат и во Шведска, Данска, Германија, Словачка, Хонк-Хонг, Унгарија, а наскоро во Полска и Хрватска.

Моторите со внатрешно согорување во автомобилите се гушат во гареж поради лошата искористеност на бензинот, а како последица на тоа исфрлаат енормно загадени гасови кои ја трујат атмосферата.

Со декарбонизација на моторите се намалуваат издувните гасови од 70 до 80 одсто. Тоа лесно може да се провери. Ова го осознаваат корисниците на автомобилите, проработува совеста и почнуваат почесто да ја применуваат оваа технологија. Чистењето на моторите од гарежот треба да ни стане навика и еднаш годишно да се третира моторот. Со тоа ќе го продолжат работниот век на моторот, а и занчително ќе продонесат за почист амбиентален воздух во средината во која живееме и се движиме – додава Јосифовски.

ШТО Е ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА НА МОТОР

“Декарбонизација на мотор” е чистење на внатрешноста на моторот од наслаги на гареж, контролирана со вбризгување на поголема количина HHО гас (водород и кислород) преку усисната грана на моторот, за мотори со внатрешно согоруванје (СУС) кои како погонско гориво користат дизел, бензин, ТНГ или ЦНГ. Декарбонизацијата на моторот и делови на издувниот систем трае од 30 до 40 минути.

Со овој револуционерен систем на чистење се отстрануваат наслагите од вентилите, ѕидот на цилиндерот, челото на клипот, свеќици, дизни, карики,… и голем дел на елементи од издувниот систем, како што се ЕГР вентил, катализатор, ДПФ филтер, турбина (делот до издувната грана), ламбда сонда, NOx сензор….

По направената декарбонизација се враќаат перформансите на моторот – поголема сила и вртежен момент на моторот, помирна работа на моторот, има намалена потрошувачка на гориво, драстично намалување на издувните гасови и продолжен век на траење на моторните делови.

Драган Николовски

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави