Search

Декан на Ветеринарниот факултет во Битола незаконски си доделил титула

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Ж.(60) од Битола, поранешен декан на Ветеринарен факултет во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, во 2009 година, без спроведување на соодветна законска постапка, донел одлука за сопствено унапредување во повисока научна титула, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500.000 денари.

Исто така, во 2017 година, без спроведување на соодветна законска постапка, пријавениот донел одлука за унапредување на П.Б. од доцент во вонреден професор, со што овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави