Search

Девојче се лизнала на чешма во училишниот двор и тешко се повредила

Вчера околу 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Топлица, гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало. По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави