Search

Девојче на возраст од 3,5 години прва жртва на грипот во БиХ

Девојче на возраст од 3,5 години е првата жртва на грипот во Босна и Херцеговина, јавија локални медиуми.

Директорката на Здравствениот дом во Зеница, Селведина Сарајиќ Спахиќ потврди за Дневни аваз дека девојчето починало по компликации предизвикани од грип. Тоа имало и тешка мусклулна дистрофија.

Девојчето живеело со самохрана мајка во селото Ораховац во близина на Зеница.

Во БиХ има зголемен број заболени од грип, но во државата не е прогласена епидемија.Главни причинители на сезонскиот грип оваа година во БиХ се вирусите тип А – H1N1 и   H3N2.

Треба да знаете
Последни објави