Search

Девојка со секира нападна луѓе во маркет во Сиднеј, осудена е на 9 години затвор

Девојка која со секира нападнала две лица во маркет во Австралија е осудена на 9 години затвор, објави Би-би-си.

Иви Амати (26) со секира сериозно повреди маж и жена во продавница во Сиднеј во 2017 година. На видеото од безбедносните камери се гледа како таа влегува со секира во продавницата, најпрво разговара со мажот, а по кусо време го напаѓа со секира. По него се гледа како напаѓа уште една девојка која била на касата.

Амати на судењето лани се изјасни невина поради нејзиното нарушено ментално здравје, но судот ги отфрли нејзините аргументи.

Денеска е судена на девет години затвор.

„Жртвите можеле да умрат, а само прашање на среќа било што не се случило тоа“, рекол судијата Марк Вилиамс од судот во Нов Јужен Велс.

Жртвата Бен Ример бил во продавница за да купи пита. Тој завршил со скршеница и со расекотина на лицето. Втората жртва е Шарон Хакер која завршила со повреди на черепот.

На судењето Амати рекла дека го изгубила разумот по конзумирањето дрога, алкохол и лекови. Рекла дека на психичкото здравје ѝ влијаеле и хормоните кои ги земала за од маж да стане жена.

Треба да знаете
Последни објави