Search

Девојка со Даунов синдром стана модел на “Gucci”

Откако фотографиите на Ели Голдштајн кон почетокот на овој месец се појавиле во италијанскиот “Vogue”, за неа се заинтересирал и брендот “Gucci”. Со тоа, Ели станала првиот модел со Даунов синдром на овој моден бренд.

Кога “Gucci” објавил нејзина фотографија на Инстаграм, набрзо добила повеќе од 800.000 лајкови. Имено, модната куќа ја ангажирал Голдштајн за рекламна кампања за маскара.

https://www.instagram.com/p/CBlzf0vCuAR/

Нејзината мајка Ивон вели дека е многу горда на својата ќерка која од 2017 година е член на агенцијата “Zebedee Management” која претставува модели со инвалидитет.

“Таа отсекогаш сакала да биде во центарот на вниманието и пред камерите, така што е прилично самоуверена и сака да слуша совети”, изјавила Ивон…

https://www.instagram.com/p/CCD8KEDpuh-/

Преземено од karmin

Треба да знаете
Последни објави