Search

Девојка го пријавила поранешниот дечко – физички ја нападнал, па ја однел кај него дома

 

Дваесет и петгодишна девојка од Скопје пријавила дека вчера напладне на булеварот „Крсте Мисирков“ била физичка нападната од нејзиното поранешно момче.

Како што соопшти МВР, според пријавеното, додека таа се движела кон своето возило во гаража на трговски центар, била пресретната од поранешниот дечко, кој физички ја нападнал и насилно ја внел во неговото возило и ја однел во својот дом, но потоа ја пуштил да си оди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави