Search

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на Украина во НАТО и ги осудија „обидите на Русија да анектира украински територии“.

Зеленски им се заблагодари на лидерите на тие земји за ваквиот потег, вклучително и на претседателите на Македонија и Црна Гора, Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ.

„Благодарен сум на земјите од Централна и Источна Европа за поддршката за членството на Украина во НАТО и за осудувањето на обидот на Руската Федерација за анексија на украински територии“, напиша Зеленски.

Потписници на заедничката изјава се Милош Земан, претседател на Чешката Република Алар Карис, претседател на Република Естонија Егилс Левиц, претседател на Република Латвија Гитанас Науседа, претседател на Република Литванија Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија Мило Ѓукановиќ, претседател на Република Црна Гора Анджеј Дуда, претседател на Република Полска Клаус Јоханис, претседател на Романија Зузана Чапутова, претседателка на Словачката Република.

Треба да знаете
Последни објави