Search

Девет дена персоналот на охридска Трансфузиологија работел, не знаеле дека пациентот имал коронавирус

Персоналот од Трансфузиолошкото одделение е во карантин од 19 март, односно од пред четири дена, а со заболениот контактирале на 10 март, објаснува директорот на Центарот за јавно здравје-Охрид, Сашо Точков за „А1он“.

Од денот кога заболениот бил на Одделот за трансфузиологија, таму идните 9 дена доаѓале и други пациенти. Станува збор за првозаболениот од коронавирус во Охрид, кој според кажувањата на Точков, бил дијагностициран на 19 месецов. Директорот на јавно здравје од Охрид објаснува дека епидемиолог постојано контактирал со заболениот по неговото враќање во Италија, како и дека дадени му биле напатствија за негова самоизолација и истиот никогаш не пријавил дека бил на Трансфузиологија, односно, дека го напуштил домот.

Тој со неговата сопруга е дојден од Италија. Резултатот на неговата сопруга беше негативен. И двајцата имале контакти, иако пациентот се контролира од моментот кога е дојден во земјава, објаснува Точков.

Треба да знаете
Последни објави