Search

Девет верници се удавија на групно крштевање во ЈАР

Од реката Јукскеи извлечени се девет безживотни тела. Жртвите вчера се удавиле во реката за време на  групно крштевање во едно од предградијата на Јоханесбург, соопшти денеска јужноафриканската брза помош.

– Вчера пронајдовме две тела, а денеска уште седум, изјави портпаролот на брза помош Роберт Мулауџи, додавајќи оти можно е бројот на жртвите да биде поголем.

Тој истакна дека вчера 33 верници дошле на церемонија на крштевање во реката Јукскеи, но ненадејната бура предизвика силни речни струи и предизвика поплава.

Во јуни четири лица се удавија за време на крштевање во провинцијата Лимпопо. Службата за водоснабдување и одводнување за Велигден годинава издаде посебно предупредување и апелираше да не се одржуваат церемонии за крштевање на бреговите на реките.

Треба да знаете
Последни објави