Search

Деветнаесет цивили загинаа во воздушен напад во Сирија

Вкупно 19 цивили, меѓу кои осум деца, загинаа денеска во воздушни напади на сириските сили во провинцијата Идлиб, која е под контрола на џихадистите, соопшти опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права.

Во својот прв извештај сирискиот центар наведе дека загинале 12 цивили, од кои шест деца.

Кон крајот на август во Идлиб е прогласено примирје, но сирискиот центар, со седиште во Лондон, продолжува да пренесува информации за судири и воздушни напади, во кои оттогаш се убиени неколку десетици луѓе.

Идлиб, која се наоѓа во северозападниот дел на Сирија во близина на границата со Турција, е последна поголема провинција под контрола на бунтовниците и џихадистички групи во Сирија.

Повеќе од 370.000 луѓе загинаа од почетокот на војната во Сирија. Конфликтот почна со репресија на опозициските протести во март 2011 година, а во текот на годините стануваше посложен со учество на странски земји и различни џихадистички групи.

Треба да знаете
Последни објави