Search

Деветмина повредени во невреме во Германија

Најмалку девет лица се повредени во сообраќајни несреќи поврзани со невремето што ја зафати Германија. Во Трипштат, близу границата со Франција, денеска е повреден возач и шест лица, од кои некои потешко, кога врз нивното возило паднало дрво.

Во Рошток, во северозападниот дел на земјата, две лица се повредени кога автомобилот во кој се наоѓале удрил во дрво на патот.

Несреќата се случила и во Дортмунд кога приградски воз со 67 патници удрил во дрво кое паднало на шини, но никој не е повреден.

По втор пат овој месец беше поплавен познатиот рибен пазар во Хамбург, додека во нордиските и балтичките региони поројните дождови и силниот ветер предизвикаа бројни проблеми како што се поплави, затворање на патишта и прекини на електричната енергија.

Треба да знаете
Последни објави