Search

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим.

Директорот на компанијата на Блумберг, Кевин Шики, рекол дека тој претендент за претседателски кандидат на демократите се брза да се придружи на другите демократски претенденти за демократска претседателска номинација и да објасни зошто тој е најдобар кандидат да го победи Доналд Трамп и да ја обедини земјата.

Деветиот најбогат човек на планетата, со околу 56 милијарди долари, Блумберг ја потресе демократската внатрепартиска трка за претседателски кандидат.

Ексградоначалникот на Њујорк влезе доцна во претседателската кампања. Тој учествуваше во внатрепартиските избори во првите американски држави, кои даваат малку делегати и смета дека ќе влезе во трката на „супервторник“, на 3 март, кога ќе гласаат 14 држави, кои тој веќе ги преплави со реклами.

Досега се организирани десет телевизиски дебати меѓу претенденти за демократски кандидат.

Рекламите на 78-годишниот Блумберг веќе имаа огромно влијание, тој се искачи на третото место меѓу потенцијалните кандидати демократи според просекот на националните анкети, кои ги спроведува порталот „Риал клиар политикс“.

Треба да знаете
Последни објави