Search

Деветгодишно дете обвинето за петкратно убиство со предумисла во САД

Деветгодишно дете е обвинето за убиство со предумисла на три деца и двајца возрасни во забавен парк во Илиноис, САД.

Детето дополнително било обвинето за подметнување пожар, пишува „Гардијан“. Полот на детето не е откриен.

Во пожарот загинале едногодишно дете, две двегодишни деца, 34-годишен маж и 69-годишна жена.

Настанот се случил во забавен парк во Гудфилд, на околу 240 милји од Чикаго.

Обвинителот на округот Вудфорд, Грег Мингер, одбил да открие детали за детето кое е обвинето, ниту за можната врска со жртвите.

Толку мало дете не е обвинето за повеќекратно убиство од 2006 година, пренесува „Гардијан“.

Она што е проблем е да се докаже намерата на детето да изврши убиство, што е неопходно некој да биде осуден за убиство со предумисла.

„Деветгодишни деца не знаат дека не постои Дедо Мраз. Тие не знаат дека луѓето што умираат не оживуваат. Не знам дали едно деветгодишно дете може да има намера да изврши убиство“, рече поранешниот обвинител од Чикаго, Гас Костополус.

Треба да знаете
Последни објави