Search

Деби на Алиоски во Премиер лигата, Лидс го победи Фулам во меч со седум гола

Алиоски во игра влезе во 70. минута, македонскиот фудбалер имаше една добра шанса, но голманот на Фулам го одбрани неговиот удар.

Лидс одлично го почна мечот, Кошта уште во петтата минута постигна убав гол за водство од 1-0.

Во 33. минута Кох направи непотребен прекршок за пенал по кој Фулам преку Митровиќ израмни на 1-1.

Но само шест минути подоцна слична ситуација и на спротивната страна, овој пат пеналот за Лидс го погоди Клих и го врати водството на домаќините.

Лидс имаше уште подобар старт на вториот дел, Бамфорд во 50. минута зголеми на 3-1, а седум минути подоцна Кошта со својот втор гол донесе водство и од 4-1.

Сепак Фулам не се предаде и покрај големата негативе, Рид во 62. минута намали на 4-2, а Митровиќ брзо потоа погоди за 4-3. Но до крајот на мечот Лидс успеа да го задржи водството и да ја оствари првата победа сезонава.

Треба да знаете
Последни објави