Search

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Истражување на Светската агенција против дебелина открива дека значителен број смртни случаи поврзани со Ковид-19 можеле да бидат спречени доколку луѓето би имале помала тежина.

Дебелината е поврзана со поголем ризик од смрт од коронавирусот, се наведува во научниот труд на тимот предводен од високиот советник во Агенцијата, д-р Тим Лобстин. Резултатите од истражувањето покажуваат дека девет од 10 смртни случаи поврзани со Ковид-19 се случиле во земји со висок број на луѓе со прекумерна тежина.

Меѓу нив е и Велика Британија – петта земја во светот според бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 , и четврта според бројот на дебели луѓе.

Во извештајот се наведува дека стапката на смртност е десет пати поголема во земјите каде што најмалку 50 отсто од населението има прекумерна тежина. Авторите на истражувањето сметаат дека 2,2 милиони од 2,5 милиони смртни случаи се случиле во земји со висок број дебели луѓе.

Земјите кои немаат голем број на дебели луѓе немаат висок процент на смртни случаи, но тука има и други фактори, се посочува извештајот.

Треба да знаете
Последни објави