Search

Дебата за спречување на сивата економија во занаетчиството

Дебата за спречување на сивата економија во занаетчиството

Работејќи надвор од формалната економија, поединците ги избегнуваат даноците, административните постапки, уплаќањето социјални придонеси, даночните и трудовите регулативи. Нерегистрираните бизниси остваруваат неправична и незаконска предност во однос на занаетчиите кои ги исполнуваат законските обврски. Сивата економија штетно влијае на занаетчиските бизниси, ја уништува нивната конкурентност и создава незадоволство во занаетчискиот сектор зашто нелегалниот бизнис кој дејствува без никакви давачки делува слободно без никакви контроли и надзори.
Ова се само некои од прашањата што треба да ги отвори денешната тркалезна маса „Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор” чија цел е не само подигнување на свеста за спречување на сивата економија во занаетчиството, туку и поттикнување дијалог и соработка со инспекциските служби.
Дебата ја организира Занаетчиската комора Скопје, а предвидено е, покрај занаетчии, да учествуваат
и претставници од УСАИД,  Министерството за труд и социјална политика, пазарни и трудови инспектори.
Треба да знаете
Последни објави