Search

Дебата за недостатоците во постојниот Закон за безбедност и здравје при работа

Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организација на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија, во рамки на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid организира дводневна дебата каде детално ќе се разгледуваат постоечките недостатоци во актуелното законско решение.

Дебатата ќе јa води проф. др. Агим Шаќири експерт за областа, а како излагачи ќе учествуваат еминентни инспектори и практичари од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Според организаторите, постојниот Закон за безбедност и здравје при работа ( 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/15) ги уредува мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавачите, како и правата и обврските на вработените во областа на безбедноста и здрвјето при работа. Истиот потполно е усогласен со одредбите на Директивата на Советот 89/391/ЕЕC од 12 јуни 1989 година, за воведување мерки за поттикнување и подобрување на безбедноста и здравјето на вработените. Согледувајќи ја практичната имплементација на Законот, посочуваат, се наметна потребата да се донесат негови измени и надополнувања или нов Закон за безбедност и здрвје при работа.

-Од донесување на Законот за безбедност и здрвје при работа, како и од основањето на советодавно тело на Владата, во делот на креирање и имплементација на политики во областа на безбедноста и здравјето при работа, поминаа 12 години. Воедно, ресорното Министерство за труд и социјална политика пристапи кон спроведување на активност за ревизија на истиот или потреба од подготовка на нов, наведуваат организаторите на дебатата.

Заклучоците од оваа дебата, во форма на конкретни предлози и препораки, ќе бидат доставени до Министертсво за труд и социјална политика.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави