Search

Дебата „Борба, не кафана” за суштината на празнувањето на 8 Март

Во Скопје денеска ќе се одржи предосмомартовска панел дискусија „Борба, не кафана” на која ќе се дебатира за суштината на празнувањето на 8 Март.

– Темата е посветена на потребата од борба, а не на пригодно одбележување на Денот на правата на жените, во општество каде и покрај развојот и свеста на луѓето, жените, за жал, се уште се соочуваат со сериозни и реални проблеми коишто се многу поголеми од тоа во која кафана ќе се прослави Денот на жената или колку пари ќе се дадат за подарок за наставничката, велат од Центарот за слобода Цивил кои се организатори на настанот.

Најавено е обраќање на претседателката на Националниот совет за родова рамноправност Савка Тодоровска, на активистките Даниела Мирчевска и Мерита Максути, како и на Дијана Тахири и Маја Ивановска од ЦИВИЛ.

Треба да знаете
Последни објави