Search

Деактивирана бомба од Втората светска војна во центарот на Берлин

Бомба од Втората светска војна успешно е деактивирана во близина на плоштадот Александерплац во центарот на Берлин, соопшти локалната полиција.

При операцијата нема повредени лица.

Бомбата од 100 килограми била откриена при градежни работи. Луѓето кои живеат во тој реон биле претходно евакуирани, а неколку линии на градската железница биле во прекин за време на деактивирањето.

Треба да знаете
Последни објави