Search

Двa украдени aвтомобила во Тетово, едниот оставен на автопат

Тетовската полиција во текот на вчерашниот ден бележи две пријави на кражби на автомобили, а денеска едно од возилата е пронајдено и вратено на сопственикот.

Вчера околу 14:30 часот, Г.А.(52) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Благоја Тоска” му било украдено неговото возило „опел омега” со тетовски регистарски ознаки.

-Возилото „опел омега” околу 7 часот и 30 минути било пронајдено на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за тетовско Горно Седларце и му било вратено на сопственикот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Втората пријава е од А.Р (42) од тетовско Горно Седларце, кој во СВР Тетово пријавил дека било одземено возило „форд галакси” со тетовски ознаки, сопственост на лице од Боговиње. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави