Search

Две училишта во Англија затворени откако ученици се вратиле од скијање во Италија

Две училишта во Чешир, Англија, се затворени откако ученици се вратиле од скијање во Италија каде властите изминативе денови се борат да го стават под контрола ширењето на коронавирусот.

Во пораката до родителите која ја испратил директорот на едно од училиштата се вели дека затворањето ќе биде на сила до крајот на неделава со цел комплетно да се минимизира ризикот од инфекција.

Ваквата одлука следува откако голем број ученици и вработени во училиштето минатата недела го посетиле Бормио, во северна Италија и оттогаш добиле совети да се изолираат.

„Без оглед на сегашните совети од Дирекцијата за јавно здравство во Англија (дека училиштето треба да остане отворено за сите други ученици) решив целосно да го минимизирам можното ширење на инфекцијата и да го затворам училиштето оваа недела“, напишал тој.

Второто училиште на „Твитер“ соопштило дека наставата се прекинува поради кусокот што настанал кај училишниот персонал.

Треба да знаете
Последни објави