Search

Две третини од Французите ги поддржуваат протестите на „Жолтите елеци“

Двајца од тројца Французи ги поддржуваат протестите на „Жолтите елеци“ во Франција, а речиси 80 отсто ги отфрлаат мерките предложени од претседателот Емануел Макрон како недоволни, според анкетата објавена во средата, пренесува „Брејтбарт“.

Шеесет и шест отсто од испитаниците изјавиле дека ги поддржуваат протестите поттикнати од повисоките даноци за горивото кои траат во изминатите 12 дена и на кои стотици илјади луѓе излегоа на улиците со жолти флуоресцентни елеци.

Само 32 отсто од испитаниците изјавиле дека се спротивставуваат на движењето, покажа истражувањето спроведено од Opinion Way.

Една нова анкета покажа бран поддршка за демонстрантите од „Жолтите елеци“ кои ветија дека ќе го блокираат францускиот главен град.

Анкетата беше спроведена во вторникот откако Макрон се обиде да ги смири протестите ветувајќи нов механизам за одложување на идните зголемувања на даноците кога ќе се зголемат меѓународните цени на нафтата. Тој, исто така, вети тримесечни јавни консултацииза да се изготви план со кој Франција би преминала кон позелена економија без да ги казни семејствата со ниски приходи. Но, Макрон одби да ретерира од зголемување на данокот на гориво кој треба да стапи во сила во јануари, велејќи дека е потребно да се помогне во борбата против загадувањето.

Седумдесет и осум отсто од 1013 испитаници сметаат дека мерките што ги објави претседателот се целосно или најчесто недоволни. Речиси 80 отсто се противат на планираното зголемување на данокот на гориво во јануари.

Истражувањето спроведено за телевизијата LCI, радиото RTL и весникот „Ле Фигаро“, покажа дека поддршката за „Жолтите елеци” останала релативно стабилна од почетокот на движењето.

 

Треба да знаете
Последни објави