Search

 Две третини од Грците загрижени за пандемијата, 74 проценти убедени дека мора да се носи маска

Повеќе од половина Грци, односно 66 отсто изразуваат загриженост за пандемијата на Ковид-19 во земјата, додека пак 74 проценти се убедени во неопходноста да се носи маска за заштита од ширењето на коронавирусот, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse” за грчката телевизија „Скај”.

За грчко –турските односи, 58 отсто од анкетираните сметаат дека одлуките и постапките на Владата се движат во (сигурно/веројатно) правилна насока, а осум од десет испитаниците одговориле негативно на прашањето дали постои искрено расположение од Турција за деескалација на тензиите.

Граѓаните кои учествувале во истражувањето, позитивно ја оценуваат само позицијата на Франција во односите меѓу Атина и Анкара, додека пак негативни се во однос на ставот на Германија, САД и ЕУ.

На политичката сцена во Грција, според резултатите од истражувањето на јавното мислење, Нова демократија е во предност од 16,5 проценти пред опозициската СИРИЗА, а Кирјакос Мицотакис со 46 отсто е посоодветен за премиер, наспроти 24 отсто од анкетираните кои го избрале Алексис Ципрас.

Истражувањето на „Pulse” за телевизијата „Скај” било спроведено од 21 до 23 септември со анкетирани 1.407 лица со право на глас, преку телефонски интервјуа.

Треба да знаете
Последни објави