Search

Две петгодишни деца тешко повредени во сообраќајка кај Штип

Тројца сопатници во автомобил, меѓу кои две деца, се повредени во судир на две возила, вчера кај Штип, информираше МВР.

– На 28.05.2020 во 22.30 часот на магистралниот пат Штип-Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.З.(25) од с.Чешиново,  и автомобил „пежо 206“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.В.(30) од Злетово, велат од полицијата.

По незгодата, сопатниците во возилото „пежо“, Х.В.(25) и две петгодишни деца биле пренесени во Клиничката болница Штип каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

 

Треба да знаете
Последни објави