Search

Две наставнички од Аеродром прогласени за најдобри во регионот

Градоначалникот Златко Марин денеска им додели признаници на двете одделенски наставнички Анета Велкоска и Жаклина Ристовска од основното училиште „Браќа Миладиновци“, кои се добитнички на титулата најдобар наставник во земјите од поранешна Југославија.

Ова признание го добија на регионалната конференција „Светот на образованието ги брише границите“ што неодамна се одржа во Будва, Црна Гора, за афирмација на наставничката професија преку серија активности.

Анета Велковска, исто така, беше прогласена за Просветен работник на годината на Град Скопје за учебната 2018/19 година од страна на Здружението на просветни работници на Град Скопје, а Жаклина Ристовска за Просветен работник на годината во 2015 година на државно ниво, која се стекна и со Сертификат за постер-презентација на тема “Алгоритамско размислување – базична вештина на 21 век” .

Асоцијацијата на најдобрите наставници на бивша Југославија има цел да ги вмрежи наставниците од различните земји и да им овозможи размена на нивните искуства и практики.

Исто така, признаници од градоначалникот Марин добија и основните училишта „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“ и „Гоце Делчев“ за посебен придонес во спортот. Од името на наставниците по физичко воспитување, признаниците ги примија директорите на училиштата.

Треба да знаете
Последни објави