Search

Две милијарди евра инвестиции во инфраструктурата по 12 април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата Влада

Економски раст, зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места е можно само со инфраструктурни проекти и модерна мрежa на патишта и железничка пруга низ цела Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата. За 4 години од сега ќе нема неасфалтиран пат во Македонија.

Битола конечно ќе добие автопат. Планираме изградба на автопат од Скопје до Битола. Возењето со автомобил на тој начин ќе се скрати на час и половина.

Дополнително ќе има неколку експресни патишта. Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмуца – бугарска граница, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Куманово – бугарска граница.

Регионалните центри ќе бидат поврзани со автопат или експресни патишта. Секој крај на државата ќе биде лесно достапен од која било точка.

Квалитетната инфраструктурна поврзаност ќе значи можност за севкупен економски развој во секој регион од државата подеднакво.

По 12-ти април ќе инвестираме во Македонија. По 12-ти април Македонија влегува во фаза на обнова. По 12-ти април повеќе за секого.

Треба да знаете
Последни објави