Search

Две медицински лица од кумановската болница по втор пат позитивни на корона вирус

Две медицински лица од кумановската болница по втор пат се позитивни на корона вирус. Ова за „Слободен печат“ го потврдува и директората на болницата Снежана Захариева која вели дека и тие како медицински лица биле изненадени од оваа ситуација.

Во првиот случај се работело за болничарка на очно која се лекувала од корона вирусот во март. Се лекувала во домашни услови но сепак не била асмптоматска. Откако се излекувала отишла да донира плазма. Но на проверките кои се прават пред да се донира плазма излегла позитивна. Според кажувањето на директорката таа сега е со благи симптоми.

Во вториот случај се работи за медицинска сестра од хирургија која уште на почетокот на април се утврдило дека е позитивна. Била асимптоматска и после два негативни тестови се вратила на работа. После некое време почнала да развива симптоми, по што била отстранета од работа но сите симптоми укажувале на ковид.  Откако повторно се тестирала се покажало дека е позитивна по втор пат.

 

Треба да знаете
Последни објави